24фудбал

Несторовски има само еден начин да се извади од оваа ситуација

Илија Несторовски синоќа направи голема глупост откако по постигнувањето на голот од пенал опцу во камерата, по што го навлече гневот на македонската јавност.

Македонија

Синоќа наместо да зборувавме за убедливата победа и одличната игра против Лихтенштајн, јавноста го коментираше непримерниот потег на Несторовски.

Многумина беа гневни на него, дури бараа да биде и отстранет од репрезентацијата. Тој преку инстаграм стори објасни за кого била упатена навредата, но не ги намали реакциите.

Несторовски сега треба да ја наведне главата, да се извини за неговиот гест, да собере мотивација од целиот случај, да заигра подобро од било кога и со неколку голови во наредните натпревари да се искупи. Навивачите сигурно би му простиле.