24фудбал

Ждрепка во Лига Европа: Адеми и Ристовски ќе играат против Виљареал

Попладнево во Нион беше извршена ждрепката за четвртфиналето во Лига Европа, Динамо Загреб на нашите Адеми и Ристовски се падна со Виљареал.

Лига Европа

Одредени се паровите за четвртфиналето и можните дуели во полуфиналето во Лига Европа, попладнево во Нион беше извршена ждрепката.

Динамо Загреб на нашите Адеми и Ристовски го дозна новиот провник, „модрите“ во следната рунда ќе играат против Виљареал.

Во останатите натпревари од четвртфиналето, Манчестер јунајтед за противник ја доби Гранада, Арсенал ќе игра против Славија Прага а Ајакс ќе ги одмери силите со Рома.

Што се однесува до ждрепката за полуфиналето, доколку Адеми и Ристовски слават во двомечот против Виљареал, ќе играат со подобриот од пресметката помеѓу Арсенал и Славија Прага.

Во второто полуфинале ќе се сретнат подобриот од дуелот помеѓу Гранада и Манчестер јунајтед и поуспешниот од пресметката помеѓу Ајакс и Рома.