24фудбал

Лорис: Ова е срамота...

Големо разочарување во тимот на Тотнем кој иако имаше предност од 2-0 од првиот меч, сепак на реваншот не успеа ниту тоа да го сочува против Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Лига Европа

Динамо Загреб приреди вистинска сензација елиминирајќи го Тотнем во осминафиналето од Лига Европа, иако фаворитот имаше капитална предност од 2-0 од првиот меч, сепак, Оршиќ со хет-трик го откажа тимот на Жозе Мурињо.

Особено разочаран по мечот беше голманот на Тотнем, Хуго Лорис, кој наведе дека тоа што му се случи на тимот е вистински срам.

Премногу сме разочарани, едноставно, ова е срамота, се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за тоа што се случи, ова е срамота...“ изјави Лорис.

Што повеќе би можел да кажам за сево ова, сите сме одговорни, а чувството по тоа што се случи е болно“ додаде голманот на Премиерлигашот.

Тотнем во недела ќе може да се рехабилитира од овој пораз, односно на гостувањето кај Астон Вила во рамките на 29 коло од Премиерлигата.