24фудбал

Додека фудбалерите се загреваа на Сан Сиро ечеше хитот „Јутро је“ на Нада Топчагиќ! (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ има толку големо влијание во Милан што неговата омилена песна во последно време се пушта и додека фудбалерите се загреваат.

Лига Европа

Милан синоќа беше елиминиран од Манчестер јунајтед кој победи со гол на Погба со 1-0.

А најчудното нешто од овој меч се случи пред почетокот. Додека фудбалерите се загреваа во позадина се слушаше хитот на Нада Топчагиќ, „Јутро је“. 

Интересно, видеото од загревањето на фудбалерите на Манчестер јунајтед додека во позадина одеше српската песна, е пренесено преку официјалниот твитер профил на клубот.