24фудбал

Мурињо е полн со пофалби за Динамо и критики за своите фудбалери, Португалецот им се извини на фановите на Тотнем

Жозе Мурињо можеби го доживеа својот најголем пораз откако доживеа елиминација уште во осминафиналето од Лига Европа и тоа по водство од 2-0 по првиот меч.

Лига Европа

Динамо Загреб им оддржа лекција на фудбалерите на Тотнем, се врати од 2-0 негатива во Лондон и победи со 3-0. Мурињо има само подалби за хрватскиот тим.

„Во 90. минути и во првиот дел од продолженијата, имаше еден тим кој одлучи да остави се на теренот. Тие оставија се таму, оставија пот, енергија, крв и на крајот од мечот имаа солзи од среќа. Многу скромно, многу посветено и имам честитки за нив“, вели Мурињо за фудбалерите на Динамо Загреб.

„Од друга страна,  мојот тим изгледаше како да не играат важен меч. Но за мене, во мојата работа, во мојата кариера секој меч бил важен. Секој меч е важен и верувам дека за секој фан на Тотнем дома секој меч е важен, тоа е однесувањето кое ни е потребно. Да кажам дека ми е жал не е доволно, бидејќи сум многу повеќе од тажен“.

„Бев со соблекувалната на Динамо каде влегов да им честитам и се почувствував тажно бидејќи еден тим кој го доби мечот а тоа не е мојот тим победи натпревар поради односот на терен, па бев повеќе од тажен. Фудбалот не е само фудбалерите кои мислат дека се поквалитетни од другите. Основите на фудбалот се над тоа, основите на фудбалот се однесувањето на теренот и тие не победија поради тоа“.

„Пред натпреварот им кажав на моите фудбалери дека ќе биде ризично ако имаме лош приод. Им кажав и на полувремето кога уште беше 0-0 дека начинот на кој играме може да биде ризичен и тоа се случи, а фудбалерите мислам дека сфатија дека може да загубат дури кога го примивме вториот гол и кога влеговме во продолженија“.

„Жал ми е што мојот тим, и јас припаѓам на тој тим, е тимот кој во мечот не ги внесе не само основите на фудбалот, туку основите на животот, а тоа е да почитуваш работата која ја имаш и да даваш се од себе“.

„Можам само да им се извинам на фановите на Тотнем и се надевам дека и фудбалерите го чувствуваат истото што го чувствувам и јас“.