24фудбал

Погба влезе и погоди за четвртфинале на Манчестер јунајтед во Лига Европа (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 0-1 го совлада Милан на Сан Сиро и се пласираше во четвртфинале во Лига Европа, Пол Погба беше херојот на „ѓаволите“.

Лига Европа

Милан во последните секунди се избори за реми на Олд Трафорд минатата недела, но вечерва избраниците на Пиоли загубија на домашен терен и беа елиминирани од Лига Европа.

Манчстер јунајтед победи на Сан Сиро со 0-1 и се пласираше во четвртфинале. Херој на гостите беше Пол Погба, Французинто влезе на стартот од вториот дел и по неколку минути ја затресе мрежата на Донарума.

Домаќините се обида да се вратат во игра, но тешко креираа шанси. Златан Ибрахимовиќ, кој се опорави од повредата и доби шанса од клупата, имаше добра прилика но Хендерсон со крајни напори одбрани.

Славија Прага со 0-2 победи на гостувањето кај Ренџерс и го елиминираше новиот шампион на Шкотска.

Виљареал и Ајакс со победи од 2-0 над Динамо Киев односно Јанг Бојс само го потврдија настапот во четвртфинале.