24фудбал

Оршиќ: Сите сме херои, сите дишевме како еден, ова е остварување на сон!

Херојот на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ не си ги препишува сам заслугите за големата сензација, вели дека сите кои играа се херои.

Лига Европа

Динамо Загреб направи големо изненадување откако со 3-0 го победи Тотнем и се пласираше меѓу осумте најдобри во Лига Европа.

Мислав Оршиќ имаше маестрална партија, тој ги постигна сите три голови, но по крајот на мечот не си ги препиша заслугите на себе, туку ги сподели со тимот.

„Сите сме херои, натпреварот беше одличен од првата до последната минута, сите дишевме како еден. Ова е натпревар за паметење, не знам што да кажам“, вели Оршиќ.

„По првиот натпревар ни остана некоја горчина, почувствувавме дека можеме, а таму не го покажавме тоа. Во Загреб се ни одеше од рака, контри, полуконтри кои ни недостасуваа во Лондон и навистина сме среќни што поминавме понатаму“.

„Ова е како да сонуваш и сонот да ти се исполни, не знам што повеќе да кажам. Само си докажавме на себе дека можеме да играме на високо ниво против екипи како Тотнем, па кој и да ни дојде следен нема да имаме кочница како на мечот во Лондон. Мораме да останеме на земја, секој тренинг да го одработиме најдобро и да се надеваме на најдобро во следните мечеви“.