24фудбал

Арсенал со пораз го завери пласманот во четвртфиналето, нова победа на Рома (ВИДЕО)

Арсенал со 1-0 загуби на Емирати од Олимпијакос, но благодарение на победата во Пиреа одат понатаму, Рома со 2-1 славеше на гостувањето кај Шахтар.

Лига Европа

Арсенал го победи Олимпијакос со 3-1 во Грција и тоа се покажа како пресудно, денеска на свој терен беа поразени со 1-0.

Погодокот беше постигнат по шест минути игра во второто полувреме, а стрелец беше Ел Араби.

И Рома рутински си ја заврши работата против Шахтар, првиот меч го доби со 3-0, а денеска славеше во Украина со 2-1.

Мајорал беше стрелец на двата гола за Рома, Мораеш погоди за Шахтар.

Молде со 2-1 ја победи Гранада, но Шпанците одат понатаму благодарение на триумфот дома од 2-0.

Ваљехо си постигна автогол за водство на Молде, Солдадо изедначи на 1-1, а Хестад во 90. минута донесе победа за домаќините.