24фудбал

Роналдињо тргнал на лош пат по смртта на мајка му, пие од утро до зори

Роналдињо е погоден од смртта на неговата мајка, пријатели на поранешниот фудбалер велат дека тој пие од утро до зори и се дружи со луѓе кои не му мислат добро.

Јужна Америка

Легендата на Бразил минатиот месец ја загуби својата мајка, која почина од ковид-19. Смртта на Мигелина Елои Асис дос Сантош го погоди Роналдињо кој тргнал на лош пат.

„Секој ден е журка. Роналдињо од рано наутро почнува да пие водка, виски и џин и престанува дури во зори следниот ден“ - вели пријател на поранешниот фудбалер.

„Работите се влошија по смртта на неговата мајка. Опркужен е со луѓе кои не му мислат добро“.