24фудбал

Рашфорд: Неуспех во Лига Европа ќе значи разочарување во тимот

Утревечер (21,00) љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат мошне интересна пресметка во Милано каде Милан ќе го пречека на свој терен Манчестер јунајтед во реваншот од осминафиналето од Лига Европа.

Лига Европа

Маркус Рашфорд инсистира на тоа дека Манчестер јунајтед мора да дојде до трофејот во Лига Европа, во спротивно, без реализација на таа цел, ќе значи неуспех за тимот, односно уште една разочарувачка сезона.

Тоа е нашата цел од самата елиминација во Лигата на шампионите, фокусот го ставивме на освојување на Лига Европа, сешто ќе се случи без тоа, знам дека тимот и стручниот штаб нема да бидат среќни“ изјави Рашфорд алудирајќи на тоа дека второто по ранг европско клупско натпреварување е голема цел за „Црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед ремизираше со 1-1 во првиот меч на свој терен против Милан во осминафиналето од Лига Европа, а реваншот се игра утревечер.

Манчестер јунајтед четири години нема освоено ниту еден трофеј, а речиси невозможна мисија за избраниците на Оле Гунар солшер е првото место во Премиерлигата, каде Манчестер Сити во моментов има и повеќе од солидна предност.