24фудбал

Адеми и Ристовски поразени во Лондон, Кејн со два гола донесе победа за Тотнем против Динамо Загреб (ВИДЕО)

Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во поразот на Динамо Загреб на гостувањето кај Тотнем, Хари Кејн со два гола донесе победа од 2-0 за „спарси“.

Лига Европа

Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски се враќа од Лондон со два негатива, вечерва Тотнем славеше со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лига Европа.

Мечот го одбележа Хари Кејн со два гола. Напаѓачот го отвори резултатот во 25. минута, откако се најде на право место во право време и откако Ламела ја погоди стативата, ја смести топката во мрежата.

Вториот погодок исто така падна во 25. минута од вториот дел, одбраната на Динамо лошо расчисти една топка, Кејн си направи простори и биеше по земја за 2-0.

На останатите натпревари од 21 часот, Рома со 3-0 ја доби пресметката против Шахтар, Арсенал со 1-3 славеше на гостувањето кај Олимпијакос а Гранада со 2-0 го совлада Молде.