24фудбал

Кјаер во 92. минута му донесе големо реми на Милан на Олд Трафорд (ВИДЕО)

Со гол на Кјаер во судиското продолжение Милан дојде до реми на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед, првиот осминафинален меч меѓу великаните заврши 1-1.

Лига Европа

Милан одлично го почна мечот, по 11 минути игра двапати ја тресеше мрежата на Хендерсон, но головите на Леао и Кеси беа поништени.

Манчестер јунајтед во првиот дел пропушти неверојатна шанса преку Мегваер кој успеа да промаши од половна метар празен гол.

Но по само пет минути игра во вториот дел нововлезениот Диало донесе водство за Јунајтед од 1-0.

По постигнатиот погодок тимот на Солшер како да се повлече, го чуваше резултатот но не го сочува до крај, по еден центаршут од корнер во 92. минута на Круниќ, Кјаер погоди со глава за конечни 1-1.

Убава предност обезбеди Ајакс против Јанг Бојс победи со 3-0, Виљареал со триумф од 2-0 се враќа од гостувањето во Киев, а 1-1 заврши дуелот меѓу Славија Прага и Глазгов Ренџерс.