24фудбал

Мегваер го направи невозможното, од пола метар промаши празен гол! (ВИДЕО)

Хери Мегваер се посрамоти на дуелот против Милан откако не реализираше чиста шанса, промаши празен гол од можеби помалку од половина метар.

Лига Европа

Немаше погодоци во првото полувреме на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Милан, росонерите дадоа два гола кој им беа поништени, а Хари Мегваер го утна тоа што се чини дека е невозможно да се промаши. Имаше празен гол, но ја погоди стативата.