24фудбал

Голем марш низ улиците на Буенос Аирес: Марадона е убиен! (ВИДЕО)

Илијадници фанови на Диего Марадона излегоа на протест со кој бараат правдата да излезе на виделина, тие сметаат дека нивниот фудбалски миленик е убиен.

Јужна Америка

Марадона почина на 60-годишна возраст, но дел од неговото семејство и големата база на фанови сметаат дека тој не умрел случајно.

Тие сметаат дека докторите кои го опкружувале се виновни за неговата смрт.

„Бараме правда за Диего. Бараме казна за виновниците. Тој не умре, туку го убија“, сметаат луѓето кои протестираа а меѓу нив беа и двете ќерки на Марадона, Далма и Џианина како и најмалиот син од неговата послдна врскка, Диего Фернандо.