24фудбал

Интер со еден шут во гол ја победи Аталанта (ВИДЕО)

Интер не одигра некој спектакуларен меч но ги освои трите бода од дербито против Аталанта откако победи со 1-0 со гол на Милан Шкрињар.

Италија

Интер ја победи Аталанта и повторно се одалечи на плус шест бодови во однос на Милан на табелата во Серија А.

Вечерва тимот на Конте не блескаше, упати само еден удар во рамките од голот на противникот и таа топка влезе во мрежата.

Клучниот момент се случи во 54. минута кога при еден корнер настана мешаница во која најдобро се снајде Шкрињар и погоди за 1-0 што беше и конечен резултат.