24фудбал

Хамшик се врати од печалбата во Кина и потпиша за клуб од Шведска! (ВИДЕО)

Легендата на Наполи, Марек Хамшик повторно ќе игра во Европа откако стави потпис на договор со Гетеборг до крајот на сезоната.

Останато

Хамшик се врати од Кина и одлучи да потпише договор со клуб од Шведска, Гетеборг каде ќе биде активен играч до Европското првенство.

„Медицинските тестови се поминати и договорот е потпишан“, стои во соопштението на клубот.

Хамшик во Наполи играше 12 сезони пред да се пресли во Кина, во клубот Далиан од каде се враќа во Европа по две години.