24фудбал

Навивачите на ПСЖ ја загреваат атмосферата, ја нарекоа Шакира проститутка (ФОТО)

Во пресрет на реваншот помеѓу ПСЖ и Барселона во Лигата на шампионите, ултрас навивачите на „светците“ ја загреаа атмосферата со навредлив транспарент за Шакира.

Лига на Шампиони

ПСЖ во среда ја пречекува Барселона во најелитното европско натпреварување, шампионот на Франција има 4-1 од првиот натпревар и со една нога практично се во четвртфинале.

Ултрас навивачите на „светците“ ја загреаа атмосферата пред пристигнувањето на „каталонците“ со навредлив транспарент за Шакира, сопругата на Жерард Пике.

„Шакира во Ла Хонкера“ - гласеше пораката.

Ла Хонкера е мало градче на границата помеѓу Шпанија и Франција познато по борделите и проституцијата, па навивачите на ПСЖ сугерираа дека пејачката од Колумбија е проститука.

Фановите на Шакира веднаш скокнаа во нејзина одбрана и побараа поголема почит, особено што денеска е Денот на жената.

Ова не е прв пат Шакира да биде мета на ривалите на Барселона, пред неколку години беше навредувана од навивачите на Еспањол.