24фудбал

Речиси една третина испитаници во Барселона сметаат дека Меси не е незаменлив

По цели 17 години во сениорскиот состав на Каталонците, 33 годишниот Меси може на лето да си замине како слободен играч на трансфер пазарот по над 500 настапи за тој клуб, меѓутоа старо-новиот претседател даде ветување дека ќе остане.

Шпанија

Речиси една третина од членовите на Барселона не ја гледаат првата ѕвезда на клубот Лионел Меси како незаменлива, односно како фудбалер кого клубот мора да го има во својот состав.

Ваков резултат донесе анкетата организирана од страна на „ТВ3“ за тоа какво мислење преовладува во однос на Аргентинецот низ кого се провлекоа изборите за нов претседател на Барселона.

Лапорта: Меси ми честиташе...вчера и тој победи!

Жоан Лапорта се врати на челната позиција на клубот и вети дека Меси ќе остане и по крајот на летото, период кога му истекува договорот, а што се однесува пак до анкетата во генерална основа, од оние кои беа анкетирани 65% дале одговор дека обновата на договорот на Меси е задолжително за Каталонците, а мал број анкетирани останале воздржани на тоа прашање.