24фудбал

Моќниот Хулк разнесе противник кој се обиде да му ја одземе топката (ВИДЕО)

Позната а моќноста на 34 годишниот Бразилец кој се врати во својата родна земја откако заврши со обврските кон кинески Шангај каде играше четири сезони.

Останато

Хулк дебитираше за Атлетико Минеиро во убедливата победа од 4-0 над Уберландиа, меч на кој офанзивецот асистираше во еден од четирите погодоци за победничкиот табор.

Уште на дебито моќниот фудбалер покажа и докажа колку е силен во дуелите со противниците, особено во градењето на топката, па дека е така на своја кожа го почувствува и фудбалерот од средниот ред на Уберландиа, Франко, за кого на социјалните мрежи се шегуваат дека се уште се „препелка“ по теренот.


Инаку Хулк минатиот месец потпиша за Атлетико Минеиро договор со важност до 2022 година, но и опција за една година дополнително во истиот.