24фудбал

Ибрахимовиќ раскажа како еднаш го фрлил Гатузо во канта за ѓубре: Нозете му висеа вака (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ ја потврди фамозната приказна дека го напикал Џенаро Гатузо во канта за ѓубре, Швеѓанецот со голема насмевка на лицето и гестикулации со рацете покажа како виселе нозете на Рино.

Италија

Пред неколку години, Тиаго Силва ја раскажа лудата приказна од соблекувалната на Милан и како Златан Ибрахимовиќ го напикал Џенаро Гатузо во канта за ѓубре.

Швеѓанецот во емисијата „Че Темпо че Фа“ на Раи се присети на тој момент и со голема насмевка на лицето и гестикулации со рацете покажа како виселе нозете на Рино.

„Пред некој ден му се јавив на Гатузо и му реков да испрати порака до мојот син, честитка за роденден. Му реков, ако не пратиш, ќе дојдам во Неапол и лично ќе се погрижам да честиташ во живо“ - вели Ибра.

Новинарот побара појаснување и го праша, „Рино е омилен играч на товјот син?“

„Да, да. Го сака многу поради одлучноста и менталитетот кои го прикажуваше на терен“.

Новинарот потоа го праша за приказната дека еднаш го фрлил Гатузо во канта за ѓубре а напаѓачот убаво се изнасмеа.

„Да, да, да. Рино е цврсто момче, тоа беше како Тајсон, Мохамед Али и Брус Ли да влезат во клинч. Го напикав со глава во канта за ѓубре, двете нозе му висеа вака“.