24фудбал

Ибрахимовиќ: Ако Малдини сака, и следната сезона ќе играм за Милан

Златан Ибрахимовиќ вели дека е подготвен да го продолжи договорот со Милан на уште една сезона.

Италија

Впечаток е дека поради влијанието и на Златан Ибрахимовиќ, Милан игра одлична сезона и големи се шансите следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

Швеѓанецот е подготвен и слдната сезона да игра за Милан и покрај годините.

„Не знам дали ќе останам, ќе видиме. Ако Малдини сака да останам, јас сум за“, вели Ибрахимовиќ.

„Но сезоната се уште е долга, има уште многу натпревари до крајот. Ние секогаш играме на победа“.

Ибра кажува колку му значи Милан, тој синоќа беше со соиграчите на мечот во Верона и покрај тоа што е повреден и не може да настапи.

„Јас сум Златан, чувствувам одговорност и се чувствувам како лидер. Сакам да ги учам другите, сакам да бидам водач“.

„Кога ќе кажам нешто, другите велат, во ред ајде да го направиме. Отидов во Верона, бидејќи го чувствувам тоа одвнатре. Кога ќе поминам ден без тимот, тоа е како да сум поминал ден без моите синови“.