24фудбал

Важна победа за Наполи над Болоња (ВИДЕО)

Наполи со 3-1 ја победи Болоња и со што ги одржа шансите за пласман меѓу четирите најдобри екипи кои ќе одат во Лигата на шампионите, Елмас ги одигра последните десетина минути.

Италија

Натпреварот почна одлично за Наполи, Инсиње погоди уште во осмата минута за водство од 1-0.

Во 65. минута Осимен даде гол по само десетина минути откако влезе во игра. Сориано во 73. минута намали на 2-1 и ја врати Болоња во игра.

Но во 76. минута Инсиње искористи една грешка на гостите и со својот втор гол на мечот ги постави конечните 3-1.

Елиф Елмас во игра влезе во 79. минута од натпреварот.