24фудбал

Гвардиола: Не е вест дека загубивме, вест е дека победивме на 21 натпревар по ред

Пеп Гвардиола е задоволен од изданието на неговите фудбалери во дербито на Манчестер иако го загубија мечот.

Англија

Заврши победничката серија на Манчестер Сити која траеше цели 21 меч во сите натпреварувања. Градскиот ривал Јунајтед победи на Етихад со 2-0.

„Тоа беше фантастичен натпревар. Јунајтед направи неверојатно висок притисок и беа многу брзи на контри. Ние игравме добро. За жал не бевме прецизни, па честитки за Јунајтед“, вели Гвардиола.

„Ќе биде вест дека сме загубиле. Но вест е дедка сме победиле на 21 натпревар по ред“.

„Има уште 30 бодови до крај и треба повторно да почнеме да победуваме“.

„Тоа е фудбал. Понекогаш се случува. Игравме многу подобро отколку против Вест Хем кого го победивме“.

„Кога ќе победиме меч, веднаш се насочуваме на следниот, исто е и сега, загубивме, па веднаш треба да се подготвуваме за следниот“.