24фудбал

По Интер, и Милан го освои Бентегоди, Круниќ и Далот со прекрасни голови донесоа победа (ВИДЕО)

Милан со цел плен се враќа од тешкото гостување на Бентегоди, „росонерите“ и покрај големиот број на повреди славеа со 0-2 против Верона.

Италија

Верона по два ипол месеци е поразена на домашен терен. По Интер, и Милан го освои Бентегоди. Пиоли денеска не можеше да смета на Ибрахимовиќ, Чалханоглу, Ребиќ и Тео Ернандез, но и покрај големиот број на повреди, „росонерите“ славеа со 0-2,

Резултатот го отвори Круниќ, Босанецот прекрасно погоди во 27. минута и од слободен удар од работ на шеснаесетниокт, прецизно биеше во аголот.

По пет минути игра во продолжението, Далот зголеми на 0-2. Десниот бек се најде во улога на напаѓач, одлично се снајде и биеше неодбранливо под пречката.

На останатите натпревари од 15 часот беше прилично возбудлово, Кротоне го совлада Торино со 4-2 а Фиорентина и Парма одиграа 3-3.