24фудбал

Рома ја победи Џенова, Манчини повеќе голови дава со глава, отколку со нога (ВИДЕО)

Рома ги освои трите бода против Џенова и се искачи на четвртата позиција, на мечот имаше само еден погодок кој го постигна Џанлука Манчини.

Италија

Клучниот момент се случи во 24. минута кога по центаршут на Пелегрини, Манчини погоди со глава за водство и победа на Рома од 1-0.

Статистиката вели дека Манчини од 11 постигнати голови во Серија А, шест ги постигнал со глава.

Горан Пандев не беше дел од овој дуел.