24фудбал

Куман: Мора да ја продолжиме победничката серија

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е задоволен од синоќешниот триумф над Осасуна, но знае дека мора да продолжат да победуваат за да имаат шанси за титулата.

Шпанија

Барселона синоќа со 2-0 ја совлада Осасуна и дојде на -2 до Атлетико Мадрид кој има и два натпревари помалку.

Барса во моментов игра во добра форма, а за да остане во трка за трофејот мора да продолжи да победува.

„Треба да продолжиме да победуваме. Ова не беше наш најдобар натпревар, но бевме добри и заслуживме да победиме“, вели Куман.

„Среќен сум. Победничките серии се важни и се надевам дека ќе продолжиме по вистинската патека“.

„Важно е она што го правиме на последните 14-15 натпревари и ја намалуваме разликата на Атлетико. Пособено со овој резултат, има уште доволно натпревари до крајот на сезоната“.

Денеска од 16:15 часот се игра големото дерби од Примера меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.