24фудбал

Пирло: Јувентус почна да игра 20 минути подоцна

Јувентус со пресврт дојде до победа од 3-1 во дербито против Лацио и освои три многу важни бода во битката за Скудетото.

Италија

Јувентус имаше бавен старт на мечот, Лацио со гол на Кореа во 14. минута донесе водство за својот тим. Пред крајот на првото полувреме Рабио изедначи, а во вториот дел два гола даде Мората за победа.

„Почнавме 20 минути подоцна оваа вечер... Тоа може да се случи бидејќи некои фудбалери се враќаа од повредии, други беа поставени на нови позиции и не е лесно веднаш да се прилагодиш на сето тоа против состав како Лацио кој со години е заедно“, вели Пирло.

„Но реакцијата од целиот тим беше силна и покрај тоа што ни недостасуваа фудбалери. Не дозволивме да паднеме, го подобрувавме темпото, го свртевме мечот и најважно ги освоивме трите бода“.