24фудбал

Барса се доближи на -2, новото чудо од дете на „каталонците“ со деби гол (ВИДЕО)

Барселона со 0-2 славеше на гостувањето кај Осасуна, Лео Меси забележа две асистенции а Алаба и Илаиш погодија за победа.

Шпанија

Барса се доближи на -2 до Атлетико во пресрет на утрешното големо дерби на Мадрид и ќе се надева дека Реал ќе му откине бодови на градскиот ривал.

„Каталонците“ вечерва со 0-2 триумфираа на гостувањето кај Осасуна. По половина час игра, во една класична акција, Меси испрати топка преку одбраната за Алаба а лавиот бек ја затресе мрежата за 0-1.

Во финишот од мечот, Аргентинецот остави топка за Илаиш Мориба а 18 годишното момче прекрасно погоди од врвот на шеснасетникот за 0-2. За новото чудо од дете од школата на Барса ова беше деби погодок во првиот тим.