24фудбал

Удинезе го победи Сасуоло, Несторовски влезе во финишот

Удинезе со 2-0 славеше над Сасуоло, Илија Несторовски во игра влезе во самиот финиш од натпреварот.

Италија

По одличната претстава против Милан која за малку не ја крунисаа со победа, Удинезе денеска оствари одличен резултат против Сасуоло кој го победи со 2-0.

Резултатот го отвори Љоренте во 42. минута, а вториот гоол беше дело на Переира во 93. минута.

Несторовски во игра влезе во 86. минута на местото од Љоренте.