24фудбал

Лудо дерби, Борусија водеше со 2-0, на крајот Баерн Минхен се радуваше на победа (ВИДЕО)

Шест голови беа постигнати на дерби натпреварот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Баварците победија со 4-2, хет-трик на Левандовски.

Германија

Борусија имаше фуриозен старт на мечот, не поминаа ни десет минути, а тие веќе водеа со 2-0 со два погодоци на Халанд, првиот во втората минута, вториот во деветата.

Во 26. минута Левандовски реализираше и намали на 2-1, а пред самиот крај на првиот дел погоди и од пенал за израмнување на 2-2.

Во вториот дел долго време тоа беше актуелниот резултат и се чинеше дека така ќе заврши мечот, но Горецка во 88. минута погоди за 3-2, а две минути подоцна Левандовски даде гол за негов хет-трик и победа од 4-2.

Со овие три бода, Баерн Минхен се врати на врвот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд е на шестото место.