24фудбал

Заканите на европските клубови дека нема да ги пуштат фудбалерите, ги одложи мечевите во Јужна Америка

КОНМЕБОЛ соопшти дека ги одложува престојните квалификациски натпревари за Светското првенство коки ибеа планирани за крајот на овој месец.

Јужна Америка

ФИФА им дозволи на клубовите да не ги пуштат своите фудбалери ако сметаат дека не треба поради пандемијата на ковид-19.

Речиси сите земји од Јужна Америка се на црвената листа во Велика Британија, па англиските клубови веќе најавија дека нема да ги пуштат играчите да патуваат таму бидејќи кога ќе се вратат во Англија ќе треба да одат во изолациија.

Нема да биде поразлично и во клубовите од другите европски земји, па КОНМЕБОЛ по барање на ФИФА ги одложи натпреварите кои требаше да се игираат во март.

Од Европа засега проблем е само Португалија, но можно е оваа земја да го смени местото за домаќин, па фудбалерите воопшто да не отпатуваат таму.