24фудбал

Артета: Ако тоа не беше пенал, нека ми објасни некој што е пенал (ВИДЕО)

Арсенал направи сериозен кикс откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Барнли, топчиите се бесни на ВАР откако не добија навидум чист пенал.

Англија

Арсенал нема право на кикс во битката за пласман во топ 4, но се чини дека оваа мисија полека станува невозможна за топчиите.

На мечот со Барнли имаше и една контроверзна ситуација во која не беше досуден пенал за Арсенал. 

„Ова е навистина тешко место за игира, но требаше да постигнеме гол од шансите кои ги направивме“, вели Артета.

„Кога ќе ги пропуштите шансите и кога одлуките на судијата нема да бидат како што треба, комплицирано е да добиете натпревар. Ако тоа не е пенал, тогаш некој нека ми објасни што е пенал“.

„Од она што го покажавме требаше да победиме“.