24фудбал

Со деби гол на Коџо, Македонија ЃП го победи Силекс

Новото засилување на Македонија Ѓорче Петров, Мавунио Коџо го постигна единствениот гол на мечот против Силекс и донесе важни три бода.

Македонија

Македонија Ѓорче Петров дојде до целиот плен против Силекс откако на свој терен победи со 1-0.

Единствениот погодок беше постигнат во 20. минута кога по една убава акција Коџо ја затресе мрежата и донесе три бода. Тоа беше негов прв погодок во дресот на Македонија ЃП.

Утре на програмата се преостанатите шест натпревари, Беласица - Академија Пандев, Пелистер - Борец, Шкендија - Ренова, Шкупи - Работнички, Вардар - Струга ТЛ.