24фудбал

Чолаковски почна да дава голови за првиот тим на Мелбурн Сити

Фудбалерот со македонско потекло, Стефан Чолаковски го постави конечниот резултат во победата на Мелбурн Сити кај Мелбурн Виктори со 6-0.

Македонија

Мелбурн Сити ја наполни мрежата на Мелбурн Виктори, а последниот погодок беше дело на Стефан Чолаковски.

20-годишниот фудбалер роден во Австралија но со македонско потекло, од неодамна прифати да игра за македонската репрезентација до 21 година.

Тој е офанзивен фудбалер кој настапува на крилните позиции и важи за сериозен талент.

Ова е прв гол на Чолаковски за сениорскиот тим на Мелбурн Сити за кој настапува од оваа сезона, претходно играше за младинските тимови на овој клуб.