24фудбал

Реал Мадрид му постави ултиматум на Рамос за продолжување на договорот

„Марка“ открива дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има конкретен датум до кој треба да се изјасни дали ќе го прифати понудениот нов договор или ќе си замине.

Шпанија

Актуелниот договор на Рамос со Реал Мадрид истекува по крајот на оваа сезона и се уште е нејасно дали тој ќе продолжи да го носи дресот на кралскиот клуб ли ќе замине.

Последните информации велат дека Реал Мадрид му поставил ултиматум на Рамос, до крајот на март треба да одлучи дали ќе го потпише понудениот нов договор или ќе си замине.

Понудата на Реал Мадрид е една годиина, со опција за продолжување на уште една. Поради возраста клубот нема намера да му понуди повеќегодишен договор.

Шпнскиот весник тврди дека во изминатите денови двете страни се сретнале, имале состаноци кои носат оптимизам дека Рамос ќе остане во Реал Мадрид иако пред извесно време тоа не изгледаше така.