24фудбал

Артета: Овој Арсенал е многу далеку од тоа како сакам да биде мојот Арсенал

Микел Артета вели дека овој Арсенал не може да го нарече негов Арсенал бидејќи тој сака да биде многу поинаков.

Англија

Микел Артета опиша каков би сакал да биде неговиот Арсенал.

„Овој Арсенал е многу, многу, многу далеку од тоа каков сакам да биде. Треба уште многу да напредуваме, треба да додадеме многу квалитет. Многу поголема ефикасност во носењето на одлуките, побрзо отварање во ситуаци во кои имаме предност“, вели Артета.

„Повеќе контрола во натпреварите, повеќе дефанзивини акции во половината на противникот, помалку продадени топки во својата половина, повеќе мечеви без примен гол. Има уште многу што да се подобри, да постигнуваме повеќе головии, поголема креативност, има уште многу“.

„Кога ќе ја погледнете табелата, тоа е неприфатливо. Ние сме Арсенал и не треба да бидеме ни блиску до тоа каде што сме. Доколку некој е среќен со тоа каде сме, тој е на погрешно место“.