Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува дека и да не изборат пласман во Лигата на шампионите, фудбалерите ќе останат во клубот и ќе се борат за подобар пласман следната сезона.
Категорија: Англија 06.03.2021 08:07 Прочитано: 382 пати
Лошата форма на Ливерпул наговестува дека тие може да не ја завршат сезоната во топ 4 и да не се пласираат во Лигата на шампионите. Некои сметаат дека дел од играчите ќе сакаат да си заминат од Енфилд и да се преселат во клуб кој ќе игра во елитното натпреварување. Но, Клоп не мисли така.
„Ви го разбирам прашањето, но не треба да има грижа за тоа. Знам дека имаме лојални фудбалери. Нема ситуација како на пример да дојде некој фудбалер и ида ми рече: „Ако не играме следната сезона во ЛШ, јас ќе си заминам“, вели Клоп.
„Тоа нема да се случи. Добро ги знам фудбалерите и ве уверувам дека тоа нема да се случи“.
„Што се однесува до привлекување на нови засилувања, и минатата сезона кажав, ако некој играч нејќе да дојде тука затоа што не играме во Лигата на шампионите, тогаш такви играчи не ни сакам“.
„И ако играч сака да си оди од клубот затоа што не играме во ЛШ, не го сакам“.