24фудбал

Оскар: Размислувам за завршување на кариерата во Челси

Бразилецот „сонува“, но и самиот е свесен дека неговиот сон е тешко остварлив, ако се земат во предвид повеќе аспекти, а првично е секако оној дека Челси претежно инвестира во помлади фудбалери.

Англија

29 годишниот Оскар, кој играше пет сезони (2012-17) во дресот на Челси, а на 131 настап за Премиерлигашот успеа да запише 21 погодок зад своето име, не крие дека сонува за пензионирање од фудбалот токму во тој клуб.

Во моментов фудбалерот од средниот ред настапува за кинески Шангај, клуб за кого игра по трансферот од Челси во 2017 година, огромната понуда од далечниот Исток беше тешка за одбивање, па Бразилецот не оддолеа на истата, но признава дека сонува да заврши со фудбалот во Челси, иако и самиот е свесен дека тоа е исклучително тешка мисија.

Размислувам за завршување на кариерата во Челси бидејќи таму имав прекрасни моменти“ вели Оскар.

Челси ми помогна многу како клуб да се развијам, да го работам тоа за што сум сонувал, а истото беше играње во Лигата на шампионите, тој клуб ми помогна и да играм на Светско првенство, како и да го подигнам трофејот во Премиерлигата“ додава тој.

Имам многу пријатели во Челси, доколку би имал прилика да ја завршам таму кариерата, тоа би било исполнување на мојот сон, но, секако треба да бидеме и реални во тоа дека Челси не плаќа многу на постари фудбалери, што е сосема нормално, но, како и да е, јас ќе се обидам да го остварам мојот сон“ заклучи Бразилецот чиј договор со Шангај истекува во 2024 година.