24фудбал

Вилаш Боаш: Модриќ ќе замине само за вистинската цена

Андре Вилаш Боаш вели дека Тотенхем ќе му дозволи на Лука Модриќ да замине, но само доколку тие добијат соодветна понуда

Англија

Се верува дека Реал Мадрид е фаворит за потписот на репрезентативецот на Хрватска, а интерес за услугите на Лука Модриќ пројавуваат и Челзи, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Андре Вилаш Боаш уште еднаш потврди дека се водат преговори за иднината на плејмејкерот, и нагласи дека Модриќ ќе замине само за вистинската цена.

Зборувајќи по вчерашниот пријателски натпревар против Стивенејџ, Португалецот рече: “Ситуацијата останува иста.”

“Три клуба во континуитет пројавуваат интерес. Но важно е да бидат задоволени интересите на Тотенхем.”

“Ситуацијата нема да се промени се додека не добиеме соодветна понуда и права цена.”

“Разговаравме со него на оваа тема, ја разбирам неговата желба, а и тој го разбира нашиот став.”

“До сега не пристигнала понуда што ги задоволува барањата на клубот и претседателот.”

“Доколку пристигне соодветна понуда, нема да има проблеми.”

Медиумите од Англија пренесуваат дека ’Спарси’ бараат 35 милиони фунти (околу 45 милиони евра) за услугите на хрватскиот репрезентативец.