24фудбал

Михајловиќ: Станавме пријатели со Ибрахимовиќ откако ме удри со глава!

Синиша Михајловиќ откри како започнало пријателството со Златан Ибрахимовиќ, двајцата се спречкале на натпревар помеѓу Јувентус и Интер а Швеѓанецот го удрил Србинот со глава.

Италија

Златан Ибрахимовиќ оваа недела има поинаква улога, тој е водител на популарниот фестивал Санремо. Синоќа на сцената му се придружи и Синиша Михајловиќ, кој раскажа како двајцата станале добри пријатели.

„Нашето пријателство со Ибрахимовиќ почна кога ме удри со глава“ - рече тренерот на Болоња за инцидент од натпревар помеѓу Јувентус и Интер, кога Швеѓанецот доби црвен.

„На Ибра не треба да му се заканувате, треба да го испровоцирате, само така можете да го извадите од кожа. Беше толку многу лут што ме удри со глава и заработи црвен картон. Кога се пресели во Интер, сакав да му ја вратам услугата, ние така покажуваме пријателство“.