24фудбал

Тотнем едвај до победа кај Фулам, Евертон со триумфот кај ВБА се искачи на четвртото место (ВИДЕО)

Вечерва со почеток од 21,15 се игра и дуелот помеѓу Ливерпул и Челси, каде обете екипи ќе мораат да атакуваат на победа со оглед на актуелната ситуација на табелата.

Англија

Две победи во низа врза Тотнем откако претходно го совлада Барнли со убедливи 4-0 на домашен терен, а вечерва славеше минимална победа кај Фулам со 0-1.

Единствениот гол на мечот помеѓу градските ривали од Лондон беше всушност автогол на Адарабиојо во 19 минута, а истиот дојде по асистенцијата на Сон до Деле Али, чиј обид на крајот не заврши со неговото име запишано зад голот.

Со оваа победа Тотнем со 42 бода се наоѓа на осмото место на табелата, за Фулам претстои голема битка за опстанок во елитното друштво, а во моментов се наоѓа на 18 место на табелата, односно позиција која води во понизок ранг, а заостанува три бода зад Њукасл кој е вон зоната за испаѓање.


Евертон запиша три победи во низа во Премиерлигата откако славеше минимална победа кај ВБА со 0-1, а единствениот гол на овој меч беше дело на Ришарлисон во 65 минута.

Со оваа победа Евертон се искачи на четвртото место на табелата со освоени 46 бода, а ВБА со 17 бода е претпоследна, со девет бода заостанување зад Њукасл вон зоната за испаѓање.