24фудбал

Гатузо би можел да го преземе кормилото во Вулверхемптон?

„Тутомеркато“ пишува дека Гатузо е опција за клупата на Премиерлигашот, односно да го наследи Нуно Еспирито Санто кој би можел да си замине по крајот на актуелната сезона.

Англија

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо се појавува како опција за тренерското место на Вулверхемптон од Премиерлигата, а тоа би можело да се случи претстојното лето.

Шефот на стручниот штаб на италијанскиот прволигаш е под силен притисок поради лошата форма на неговиот тим изминатиов период, а се верува дека Вулверхемптон одблизу ја следи таа ситуација во пресрет на новата сезона.

Гатузо го наследи Карло Анчелоти на клупата на Наполи во декември 2019 година, а ја освои Копа Италија од тогаш па наваму во првата сезона предводејќи ја екипата каде настапува и нашиот Елиф Елмас.