24фудбал

Маркисио ќе се кандидира за градоначалник на Торино

Италијанецот одигра 294 натпревари во дресот на Јувентус, а 55 во дресот на својата национална селекција, дури 13 години беше дел од тимот на „Старата дама“.

Италија

Поранешниот фудбалер на Јувентус, како и италијански репрезентативец Клаудио Маркисио наводно ќе се кандидира за прв човек на градот Торино, тој веќе е во пензија и вон фудбалските активности, а планира да навлезе во политиката.

Минатата седмица самиот Маркисио потврди дека размислува околу тоа да навлезе во политиката, а весникот „Ла Стампа“ и „Скај“ сугестираат на тоа дека тој котира високо на листата на кандидати на демократската партија.

Маркисио постојано говореше на темите околу правдата, расизмот, како и потребата да им се помогне на мигрантите, а што се однесува пак до изборите за градоначалник на Торино, истите ќе се одржат во Октомври годинава.