24фудбал

Анчелоти: Сакам Милан да го освои Скудетото, но се плашам дека мојот пријател Конте нема да дозволи да се исполни мојата желба

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти навива за Милан во трката по Скудетото, но знае дека Интер е поголем фаворит шампионската титула.

Италија

Милан има три бода помалку од Интер, а вечерва таа разлика може да порасне на шест доколку нероазурите ја совладаат Парма.

Поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Карло Анчелоти сака росонерите да го освојат скудетото оваа сезона.

„Се надевам дека Милан ќе го освои, иако ќе биде тешко. Интер оди со голема брзина. Се плашам дека мојот пријател Конте нема да дозволи да ми се исполни желбата“, вели Анчелоти.

Тој вели дека ги следи неговите поранешни фудбалери кои сега се тренери и комуницира со нив.

„Ги следам сите фудбалери кои играа за мене. Се разбира тие го немаат искуството кое јас го имам, но во нивен прилог оди тоа што тие се помлади“.

„Овој свет неизбежно носи критики, тие го знаат тоа подобро од мене, пример, Пирло и Гатузо имаат се за да ги решат нивните проблеми“.

„Од време на време се слушам со нив на телефон. Пред неколку дена зборував со Пипо Инзаги (Беневенто). Тој е еден од оние со кои почесто се слушам. Многу сум приврзан за него, но и за сите фудбалери на кои сум им бил тренер, особено на оние од мојот период во Милан“.