24фудбал

Проблеми за Барселона, Пике повторно ќе паузира

Херојот на Барселона од вчерашниот меч против Севиља, Жерар Пике повторно е повреден и ќе мора да паузира извесно време.

Шпанија

Пике кој веќе пропушти многу натпревари поради повреда оваа сезона, синоќа одигра 120 минути против Севиља и неговиот гол во 94. минута ја спаси Барселона од елиминација и го однесе мечот во продолженија.

Од Барселона денеска информираа дека Пике има истегнување на лигаментите на десното колено и ќе треба да паузира извесно време. 

Од клубот се уште не можат да кажат кога дефанзивецот би се вратил на теренот.