24фудбал

Барса се врати од мртвите, Севиља промаши пенал а Пике погоди во 94. минута! (ВИДЕО)

Барселона се пласираше во финале од Копа дел Реј, „каталонците“ на продолженија славеа со 3-0 против Севиља, гостите има за што да жалат откако промашија пенал и примија гол во 94. минута.

Шпанија

Барса се врати од мртвите. Избраниците на Куман вечерва требаше да надополнат два гола негатива од првиот меч, добро го отворија натпреварот и поведоа преку Дембеле во 12. минута.

Сепак, Севиља во 73. минута имаше голема шанса да ги реши сите дилеми, гостите добија пенал но Окампос не успеа да го совлада Тер Штеген.

Казната за ова стигна во 94. минута, во последниот напад на мечот, Пике со глава ја затресе мрежата за 2-0 и огромна радост.

По пет минути игра во продолжението, Брајтвајт постигна гол за 3-0 и финале во Копа дел Реј.