24фудбал

Кеси: Стравот и пеналите не одат заедно

Франк Кеси уште еднаш покажа дека е мајстор за изведување на пенали откако мртов ладен погоди во 97. минута и го спаси Милан од пораз.

Италија

Промашените пенали на Ибрахимовиќ му овозможија на Кеси да покаже каков изведувач на пенали е, тој тоа го користи максимално.

Вечерва во 97. минута без никаква трема го изведе пеналот кој го спаси Милан од пораз против Удинезе.

„Пеналите не се лесни“, рече Кеси по мечот.

„Кога ќе изведувате пенал не смеете да чувствувате страв или несигурност, во спротивно ќе погрешите“.

„Јас не се исплашив и постигнав гол“.