24фудбал

Без победник на дербито на Џенова, 20 минути за Горан Пандев (ВИДЕО)

Џенова и Сампдорија ги поделија бодовите во градското дерби играјќи 1-1, Горан Пандев ги одигра последните 20 минути од мечот.

Италија

Горан Пандев од клупата го почна дербито на Џенова во кое неговиот клуб беше поблиску до победата.

Џенова поведе со гол на Запакоста по седум минути игра во второто полувреме.

Пандев во игра влезе во 73. минута, а четири минути подоцна Тонели го изедначи резултатот на 1-1.