24фудбал

Нетфликс го објави трејлерот за Роберто Баџо (ВИДЕО)

Точно една минута трае најавата за тоа што следува на 26 мај годинава, целата приказна за поранешниот легендарен италијански фудбалер кој остави голема трага во светот на фудбалот.

Останато

Нетфликс го објави трејлерот за филмот посветен на Роберто Баџо, односно неговиот живот и кариера сведено во едно, за легендарниот италијански фудбалер кој беше и остана голем миленик на љубителите на фудбалот.

Филмот ќе се прикажува од 26 мај годинава, а истиот ќе се фокусира на 22 годишната кариера на Италијанецот, вклучувајќи ги и контроверзните моменти, како трансферот од Фиорентина во Јувентус, како и „судирот“ со повеќе тренери.