24фудбал

Кин поради зараза со ковид-19 го пропушта реваншот со Барселона

Италијанскиот напаѓач кој е на позајмица од редовите на Евертон, за ПСЖ досега успеа да постигне 15 погодоци на 27 натпревари.

Франција

Потврдено е дека италијанскиот напаѓач Моисе Кин се заразил со ковид-19, а со самото тоа ќе ја пропушти реванш пресметката со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако на гости во првиот меч составот од Париз славеше убедливо со 1-4.

Кин во убедливата победа против Барселона постигна еден погодок, а во соопштението од страна на ПСЖ освен што излезе потврдата за неговата зараза со вирусот, дополнително тој секако и ќе отсуствува на претстојниот меч против Бордо викендов.

21 годишниот Кин е на позајмица во ПСЖ од редовите на Евертон, а досега прикажа одлични перформанси во дресот на францускиот првак постигнувајќи 15 погодоци на 27 настапи.